На 17.08.2022 во 08.00 часот било пријавено дека на ул.„Георги Димитров“ во Скопје, Н.М.(38) од Скопје, додека управувал електричен тротинет, паднал на коловозот, велат од МВР.
Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.