На 07.08.2022 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, пред с.Трпејца, К.Б.(45) од Скопје, управувајќи велосипед, паднал на коловозот.
Во несреќата К.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.