сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец заврши со тешки повреди откако со својот мотоцикл „Хонда“ излетал од коловоз

Скопјанец заврши со тешки повреди откако со својот мотоцикл „Хонда“ излетал од коловоз
илустрација

Министерството за внатрешни работи информира дека на 09.10.2022 во 02.40 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„11 Октомври“, во близина на крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски“, на излез од паркинг просторот во ГТЦ и плоштад Македонија, Р.Б.(35) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда хл700“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Г., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.