понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец и двајца гостиварци вчера искасани од кучиња скитници

Скопјанец и двајца гостиварци вчера искасани од кучиња скитници

На 01.10.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Ц.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Исто така вчера во 18.50 часот во СВР Тетово, 19-годишниот гостиварец М.П. пријавил дека на улица „101“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.

А во 23.40 часот во СВР Тетово, С.Ќ.(41) од гостиварско Чајле пријавил дека на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.