понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец со мопед удри во паркиран автомобил, заврши во болница со тешки повреди

Скопјанец со мопед удри во паркиран автомобил, заврши во болница со тешки повреди

На 18.05.2023 вo 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Осло“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(52) од Скопје, удрил во паркирано патничко моторно возило „рено талисман“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Б.М.(48) од Скопје.

По несреќата, Б.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.