Денеска (16.11.2022) околу 00:30 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Скопје, удрило во запрено службено полициско возило.
Потоа удрило во полициски службеник и уште едно запрено патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (27) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобила С.А. и полицискиот службеник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид бил извршен.