На 05.10.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 06:40 часот на улица „11 Октомври“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(57) од с.Усје, скопско и патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобила Ј.Р.(44) од Скопје, сопатничка во возилото „фолксваген венто“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид бил извршен.