Скопјанка е тешко повредена во несреќен случај регистриран од полицијата вчера околу 15:35 часот.
Имено, додека В.С. (55) од Скопје со нејзиниот син Д.С. (25) седела до Маркова Река позади Марков Манастир почнало да врне и дува силен ветар.
Од силниот ветер паднало дрво врз В.С., по што жената паднала во реката.
-Од страна на нејзиниот син и други граѓани дрвото било тргнато, а В.С. била извадена до реката. Поради здобиените повреди таа била префрлена во Ургентен Центар при клинички центар „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.