вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со автомобил удрил во 73 годишен пешак во Гостивар

Со автомобил удрил во 73 годишен пешак во Гостивар

На 09.10.2023 во 15.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „ЈНА“ во Гостивар, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Љ.С. од гостиварско Дебреше, удрило во 73-годишниот Н.С. од Гостивар.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.