понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со безбол палка и нож ограбиле продавница во Визбегово

Со безбол палка и нож ограбиле продавница во Визбегово

Непознати маскирани лица синоќа извршиле грабеж во продавница во село Визбегово.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 19:30 часот било пријавено дека во село Визбегово, скопско, во маркет, четири непознати маскирани лица од кои едното имало безбол палка, а друго нож, влегле во продавницата и со закана од вработената одзеле околу 30.000 денари и неколку кутии цигари по што го напуштиле местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.