четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со електричен тротинет удрил во пешак, жената тешко повредена

Со електричен тротинет удрил во пешак, жената тешко повредена

На 16.06.2021 во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје електричен тротинет, управуван од засега непознато лице, удрило во пешакот Л.Ј.(63) од Скопје, информира МВР.

Лицето го напуштило местото на незгодата. Л.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.