недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со „Кавасаки“ излетале од патот, две лица повредени

Со „Кавасаки“ излетале од патот, две лица повредени

На 18.03.2019 во 17:00 часот на улица „Нов живот“ во Скопје, мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.И.(43) од Скопје, излетал од патот и удрил во бандера.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана помош.

Додека, сопатничката С.И.(34) од Скопје се здобила со телесни повреди и по укажанат помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ била пуштена на домашно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот.