На 24.08.2022 во 09.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на пат што ги поврзува гостиварските села Селце и Галичник, мотоцикл со швајцарски национални ознаки што го управувал 22-годишниот К.Т.А. од Швајцарија, излетал од коловоз.
-Во несреќата, сопатничката Т.Ф.(23) се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом Ростуше каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информира МВР.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.