На 29.04.2019 година околу 00:58 часот во с.Буково, битолско, С.Г.(32) од с.Буково, управувајќи мотоцикл „Јамаха ДТ-200 Р“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќата сопственост на Р.М. од с.Буково.
Во незгодата, возачот С.Г. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.