М.Б. (26) од село Новаци, вчера управувајќи мотоцикл „Кавасаки ZX-IOR“ со дебарски регистарски ознаки, на патот Градско-Прилеп изгубил контрола и излетал надвор од патот.
Тој бил пренесен во Медицински центар Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.