Косовоска државјанка била приведена вчера на граничниот премин Богородица на излез од Мкаедонија
Како што информираат од МВР, Патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот А.П. од Скопје,вчера се пријавило на граничниот премин, а како сопатник во возилото била 34-годишната Ѓ.И.од Скопје.
При проверка на патните исправи, полициските службеници сe посомневале околу фотографијата на сопатничката Ѓ.И.. По извршен преглед, кај неа била пронајдена косовска лична карта на име 21-годишната В.А. од Косово.
Истиот ден во 03:30 часот таа остварила влез во Република Македонија на Граничниот премин Блаце со косовска лична карта. Таа била приведена и спроведена до Прифатен центар за странци во Гази Баба-Скопје за понатамошна постапка.
Возачот А.П. бил лишен од слобода и бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.