недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со возило удрил старец во Куманово, па избегал

Со возило удрил старец во Куманово, па избегал

На 04.08.2022 околу 11:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локален пат за с.Пчиња, ул.„Косовски бригади“ и крак од ул.„Тоде Думба“ патничко возило удрило во пешакот Н.А.(82) од Куманово и го напуштило местото.

Во несреќата, Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и за настанот бил известен Јавен обвинител.