сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка на патот Скопје-Велес, повредени три лица

Сообраќајка на патот Скопје-Велес, повредени три лица
илустрација

На 05.07.2023 во 13.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Велес, во атар на место викано „Ергеле“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Д.Д.(61) од Скопје и патничко возило „шкода“, управувано од И.Д.(34) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Д. и сопатник од возилото „шкода“ С.Д.(35) од Скопје, а возачот И.Д. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.