понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајна несреќа помеѓу поло и товарно возило во Битола, тешко повредено едно лице

Сообраќајна несреќа помеѓу поло и товарно возило во Битола, тешко повредено едно лице

На 09.02.2023 во 09.08 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.,,Довлеџик“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, управувано од Н.К.(30) од Битола и товарно возило „рено“, управуван од А.Н.(32) од с.Суводол, општина Демир Хисар, двете со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата А.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.