На 15.05.2022 во 20:35 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на улица „Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(18) од с.Звегор, делчевско и мопед со делчевски регистарски ознаки, управуван од А.А.(22) од с.Габрово, делчевско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани во Клиничка болница Штип.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Делчево.