На 15.04.2021 во 15.08 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.С.(52) од Скопје и мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР.
По незгодата, полицискиот службеник, кој управувал со мотоциклот, бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани повреди.
Увид на местото на незгодата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител.