сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајна несреќа на патот Ресен-Охрид, тешко повредени две лица

Сообраќајна несреќа на патот Ресен-Охрид, тешко повредени две лица

На 13.11.2022 во 04,30 часот пријавено е дека на магистрален пат Ресен-Охрид во близина на селото Завој, патнички автомобил „сеат ибица“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(22) од Ресен, излетал од патот.

Притоа, возачот и сопатникот Е.И.М.(19) од Ресен, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител и полициски екипи.