понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Сопатник тешко повреден во сообраќајка во Битола

Сопатник тешко повреден во сообраќајка во Битола

Дваесет и три годишниот Б.Б. од Битола е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила во Битола на крстосница од ул.„Васко Карaнгелевски“, ул.„13-ти Јули“ и ул.„Младински бригади“.

Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управуван од З.Ч.(60) од Битола и автомобил „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управуван од О.Д.(22) од Битола.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од второто возило, Б.Б.(23) од Битола констатирани во Општата болница во Битола, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.