Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Д.(30) од с.Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 25.11.2020 во 14.20 часот полициски службеници од ПО Галате извршиле контрола во угостителски објект на пријавениот и констатирале дека се одржува семејна веселба – свадба, каде биле затекнати повеќе лица, со што не биле почитувани мерките за заштита од ковид-19.