Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17:30 до 19:00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во фарма сопственост на К.М.(52) од с.Корошишта, струшко, на место викано „Вогељ Чешме“, атар на с.Корошишта, информираат од МВР.
Од МВР информираат дека при претресот, под пластениците биле пронајдени 10 стебла најверојатно од растението „Канабис Сатива“.
К.М. бил лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.