На 16.11.2021 во 18.20 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода К.А.(27) од Струмица.
-При пасошка контрола било утврдено дека во службената евиденција се бара по телеграма од ОВР Кавадарци, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, казниви по член 300 и 301 од Кривичниот законик, информира МВР.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Велес за понатамошна постапка.