На 14.08.2020 во 23.20 часот во ОВР Струга, 32-годишна жена од струшко село пријавила дека по кратка расправија во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Ш.(31). Според пријавеното, Н.Ш. физички ја нападнал и неговата мајка.
Н.Ш. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.