Вчера околу 11.20 часот на локалниот пат кон с.Богојци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение Велешта дале знак за запирање на патничко возило „опел фронтера”, без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва и во кое имало две лица.
Возачот не застанал и со возилото се обидел да удри двајца полициски службеници.
Повредени нема, а увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.