вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Судир на товарно возило и мотоцикл во Штип, тешко повредено едно лице

На 18.05.2020 во 17.00 часот на ул.„АСНОМ“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „пежо бипер“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(21) од Штип, мопед „Aprilia SR 50“ со штипски регистарски ознаки, управуван од И.А.(41) од Штип и мопед „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од Штип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.А., и бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Штип.