петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Таксист нагло закочил, тешко повредена патничка

Таксист нагло закочил, тешко повредена патничка

Дваесет и тригодишната Д.Ф. од тетовска Шипковица се здобила со тешки повреди.

Имено, таа синоќа пријавила во полиција дека додека со такси возило што го управувал И.А.(54) од истото село се превезувала кон селото, возачот нагло ја намалил брзината, а поради што таа се удрила во пластичен предмет и задобила тешки телесни повреди.

Повредите биле констатирани во тетовскатa Kлиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

Од СВР Тетово информираат дека се расчистува и документира случајот.