39-годишен Скопјанец ја обљубил својата 12 годишна ќерка.
Грозоморниот чин се случил во февруари годинава, а напаѓачот ќе одговора за делото „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, информира ОЈО.
„Обвинетиот, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години. Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија.“– ОЈО.
Обвинетиот е во притвор, бидејќи, како што соопшти Обвинителството, постои опасност од бегство и страв од повторување на делото.
Инаку, според информациите на Канал 5, поголемиот дел од педофилите кои отслужуваат казна затвор во Идризово се токму рецидивисти. Во насока на превенирање на сексуални напади врз малолетниците во 2012-тата беше креиран и Регистарот на педофили, но според првиот човек на Детската амбасада „Меѓаши“ оваа мерка не дала резултат.
Иако во Законот е предвидена, опцијата за т.н. „хемиска кастрација“ ниту еден од осудениците не ја прифатил, за да му се намали времетраењето на затворската казна, па оттаму, Змијанац предлага единствено високи казни, со цел да се спречи рецидивизмот.
Според податоците на Меѓаши дури 75% од педофилите го повторуваат делото.