вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Татко си го пријавил синот во полиција – се однесувал агресивно со сите дома, но и кршел предмети

Татко си го пријавил синот во полиција – се однесувал агресивно со сите дома, но и кршел предмети

Татко го пријавил синот во полиција бидејќи во домот се однесувал агресивно и им се заканувал на домашните.

Денеска полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Т.(19) од с.Теарце, по пријава од неговиот татко, според која околу 02.00 часот во семејниот дом се однесувал агресивно, упатувал закани кон членови на семејството и оштетил предмети во домот.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.