Автомобил Пежо со скопски таблички удрил во мало девојче, дознава КУРИР од очевидци на лице место.
Несреќата се случила во близина на трговскиот центар „Скопјанка“ помеѓу улиците Јане Сандански и Владимир Комаров во Аеродром.
ОД МВР за КУРИР потврдија дека имаат пријава за удрен пешак, но детали најавуваат за подоцна во текот на денот.
Очевидци за КУРИР велат дека девојчето поминувала на пешачки премин, додека возачот прелетал со околу 80 km на час.