сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка несреќа во тетовско: Автобус удри велосипедист, мажот починал во болница

Тешка несреќа во тетовско: Автобус удри велосипедист, мажот починал во болница
илустрација

Велосипедист го загуби животот откако вчера бил удрен од автобус.

Несреќата, информираат од МВР, се случила околу 17:35 часот на локалниот пат с.Брвеница-с.Волковија, тетовско.

-Автобус „Темса“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Ш.(50) од тетовско Теново удрил во велосипедист Б.Б.(63) од с.Брвеница. По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде починал, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.