сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка кај Колари, има повредени

Тешка сообраќајка кај Колари, има повредени

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која денеска околу 13:35 часот се случила на патниот правец Кичево-Гостивар кај селото Колари.

Од СВР Охрид за Курир велат нивните екипи се на терен и увидот е во тек.

-Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил со кичевски регистерски ознаки и товарно возило со гостиварски таблички. Со повреди се здобиле три лица кои се пренесени во Општата болница во Кичево за укажување лекарска помош, вели за Курир портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Засега нема повеќе детали за карактерот на повредите на лицата.

До завршување на увидот сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива по една коловозна лента.