понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Битола-Ресен, загина младо момче

На 28.11.2022 во 23.55 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано „Макази“, патничко возило „мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(21) од Ресен, излетало од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М.(28) од с.Јанковец, ресенско, кој на пат кон Клиничката болница во Битола починал, а смрт констатирал лекар од болницата. Со телесни повреди се здобила С.Ш..

Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.