Две лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово на патот кон Драчево. На местото на несреќата освен полицијата излегла и противпожарна екипа.
Во сударот учествувале две возила, „цитроен саксо“ и „форд фиеста’. Повредените се префрлени во Градската болница.
Увидот на полицијата сѐ уште трае.