петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка на три возила кај Злокуќани

Тешка сообраќајка на три возила кај Злокуќани

За среќа, според информациите, нема тешко повредени, но причинета е голема материјална штета. Од она што можеше да се забележи на лице место, во несреќата инволвирани биле три автомобили, од кои два директно се судриле, пренесува канал5.ком.мк

Сообраќајката го отежна движењето во тој дел од градот и создаде киломатерски колони на двете коловозни ленти.

Полицијата правеше увид, а допрва ќе се утврдуваат причините.