сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка утрово во Кавадарци, едно лице го загуби животот

Тешка сообраќајка утрово во Кавадарци, едно лице го загуби животот

Тракторист загина утрово во Кавадарци во тешка сообраќајка кај Југокомерц, кога се судриле трактор и автомобил. Информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој рече дека не може да даде повеќе детали оти увидот на местото е во тек. Според првичните информации, возачот на тракторот бил роден 1951 година. Возачот на патничкото возило бил пренесен во Општа болница Кавадарци.

Синоќа исто така имаше судар на трактор и автомобил кај фабриката Дрекслмаер, при што загина младо лице.