недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во битолско, едно лице го загуби животот

Тешка сообраќајка во битолско, едно лице го загуби животот

Возач почина по сообраќајна несреќа која вчера утрината во 07.16 часот се случила на патот Битола-Маково, во с.Логоварди, битолско.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Ауди“, управуван од М.А.(34)од Битола и  „голф“ управуван од С.М.(50) од с.Логоварди, и двете со битолски регистарски ознаки.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.М. и на пат кон болница починал, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.