Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која околу половина час по полноќ се случила на крстосница од бул.„Партизански oдреди“, ул.„Лондонска“ и ул.„Московска“.
Како што информираат од МВР во несреќата учествувале „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, управувана од В.Н.(54) од Скопје и „опел корса“ со која управувал М.И.(19) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Н., а со телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „форд фиеста“, Е.Е.(26) од Скопје и возачот М.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.