Пешак го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на крстосница од ул.„Пушкинова“ со ул.„Народни херои“ во скопска Кисела Вода.
Како што информираат од полицијата, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(70) од Скопје, удрило во пешакот Д.К.(72) од Скопје, кој починал на местото на незгодата.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.