вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Маврово: Повредени шест лица, меѓу нив 2 деца

Тешка сообраќајка во Маврово: Повредени шест лица, меѓу нив 2 деца
фото илустрација

Шест лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која вчера во 14:50 часот се случила на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, во близина на Мавровска крстосница.

Според информациите од МВР во несреќата учествувале автомобил „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управуван од В.М.(50) од Свети Николе и автомобил „ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(47) од Тетово.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Л.М.(37) и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот И.Р. и сопатничката од истото возило Р.Р.(43), констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, истакнуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.