четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Прилеп, две лица тешко повредени

Тешка сообраќајка во Прилеп, две лица тешко повредени

На 08.11.2021 во 03.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од улиците „Александар Македонски“ и „Октомвриска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(26) од Прилеп и патничко возило „хјундаи акцент“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од Прилеп.

-Во несреќата, со тешки телесни се здобиле сопатниците во „хјундаи“, Н.А.(42) и малолетничка, двајцата од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп, информира МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп.