петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени маж и жена

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени маж и жена

Две лица, маж и жена, се тешко повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 14:15 часот се случила на локалниот пат населба Бутел-с.Мирковци.

Како што информира МВР, во несреќата учествувале автомобил „смарт“, управуван од Ж.Д.(40) од Скопје и автомобил „мерцедес“, управуван од Б.Ј.(48) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ж.Д. и Г.Д., сопатничка од возилото „смарт“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.