вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Скопје: Шест лица повредени, меѓу нив и дете

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 12:50 часот се случила на локалниот пат од с.Љуботен кон населба Бутел.

МВР информира дека во сообраќајната незгода учествувале автомобил  „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Е.(25) од Скопје, автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(25) од Скопје и товарно моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Х.М.(26) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.А., а со телесни повреди се здобиле Б.Е. и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, Н.А.(61) и едно малолетно лице, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.