петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во скопско: Повредени 7 лица, меѓу нив и малолетници – учествувало возило на МВР

Тешка сообраќајка во скопско: Повредени 7 лица, меѓу нив и малолетници – учествувало возило на МВР

На 30.07.2021 во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Сарај-с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода фабија“, сопственост на МВР, а управувано од Р.Б.(27) од с.Арачиново, скопско и патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш.(42) од с.Арнакија.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатничката В.Е.(41) и уште три малолетни сопатнички од с.Арнакија, сите од возилото „сеат ибица“, а со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „шкода фабија“, Ф.Ш.(31) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.