Две лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15.10 часот се случила на крстосница од ул.Александар Урадаревски, локален пат за с.Мирковци и локален пат за с.Бразда.
Во несреќата учествувале автомобил „опел“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.В.(34) од с.Мирковци,скопско и автомобил „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.С.(56) од Скопје.
-По несреќата, З.С. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди, додека И.В. е пренесен во градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.