понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Козле: Тешко повредено едно лице

Тешка сообраќајна несреќа во Козле: Тешко повредено едно лице
фото-илустрација

На 24 април 2020 година во 18.50 часот на крстосница од улиците „Козле“, „Васил Ѓоргов“ и „Загребска“ случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.З (34) од Скопје и мотор „пијаџо“ управуван од И.Ч (46) од Скопје.

Од незгодата со повреди се здобил И.Ч кој со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

По укажаната лекарска помош пуштен е на домашно лекување.