четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден маж, со мотоцикл излетал од патот

Тешко повреден маж, со мотоцикл излетал од патот

На 02.08.2022 околу 19:10 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на локалниот пат с.Мустафино – с.Ерџелија, светиниколско, Ј.Р.(44) од с.Ерџелија, управувајќи мотоцикл „хонда“, со светиниколски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Свети Николе.